Вести

Во автомобилот на семејната фирмата на Фериз Дервиши ноќеска експлодираше бомба- фото

By Radio Bum

June 21, 2018

По полноќ на улицата Сава Ковачевиќ во Куманово под  автомобил пред семејниот дом на семејството Дервиши експлодирала експлозивна направа, жртви нема, а оштетен е само автомобилот, „Пасат Фолсваген„.

За радио Бум , Фериз Дервиши инаку советник во советот на општина Куманово  изјави дека семејството е во шок и дека немале никакви закани ниту пак несогласувања со некој за кој би можеле да се посомневаат дека ја поставиле експлозивната направа.

“Само по петнаесет минути откако го паркиравме автомобилот пред семејниот дом се случи експлозијата. Автомобилот е службен, нов, а е во сопственост на фирмата на моите деца. Сега го однесоа во Скопје на вештачење , изјави за радио Бум , Фериз Дервиши кој е член на претседателството на огранокот на ДУИ во Куманово.

Полицијата направи увид соберен е доказен материјал и е испратен на вештачење.