Вести

Сашо Тодоровски е новиот директор на Центар за култура во Куманово

By Radio Bum

May 18, 2018

Сашо Тодоровски, професор по македонски јазик во Перо Наков и портпарол на општинската организација на  СДСМ, е новиот  директор на националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“, соопшти  Министерството за култура.

Тодоровски доаѓа на местото, Роберт Цветковски,  кој беше вршителна должноста на оваа позиција .

Назначувањето следи по завршување на постапката на јавни конкуси. Освен во Куманово, променети се уште пет нови директори со редовен мандат во националните установи од областа на културата низ државата.