Вести

Не е добро да се заборават позитивните придобивки на Тито за Македонија реагираат подржувачите на Тито од Куманово

By Radio Bum

May 04, 2018

Ликот и делото на Јосип Броз Тито се неуништиви и денеска се заживуваат и се актуелни но и значајни, велат подржувачите на доживотниот претседател на Соцјалистичка Федеративна Република Југославија. Претставници на здружението на воено полициски ветерани, граѓани подржувачи на ликот и делото на Тито и од партијата Левица на градскиот плоштад во Куманово  му одадоа почит на годишнината од неговата смрт.

 

„Под раководството на Јосип Броз Тито Република Македонија ги доби сите државни атрибути и постана самостојна држава, а народот признат како македонци. Не е добро да се заборават позитивните придобивки на Тито за  Македонија. Велат дека Јосип Броз Тито ги материјализирал идеите на идеологот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев што не е точно бидејќи има доказ со фотографија дека токму Тито ја цени македонската револуционерна борба и му одава почит на револуционерот Гоце Делчев , рече Томислав Стојковски  претставник на здружение на воено полициски ветерани од активен резервен состав.

 

Додека беше Тито жив имавме работа, пари, имавме нормален живот , слободата беше голема можевме и на улица да спиеме , вели Радосава Јаќимовиќ , таа вели дека многу го  почитува ликот и делото на Јосип Броз Тито.

Во времето на Тито сите работевме и бевме задоволни, а после негова смрт наместо да бидне подобро се стана полошо. Жално е што никој повеќе во историјата не го споменува името на Тито. Спомените остануваат, а без историја немаме иднина, вели граѓанин кој го почитува делото на Тито.

Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 во Клиничкиот центар во Љубљана. Погребан е на Дедиње во Белград во Куќата на цвеќето. Неговиот гроб досега го посетиле над 20 милиони луѓе.