Жител на кумановската населба Карпош до Регионалниот центар за управување со кризи пријавил дека пронашол неексплодирана бомба.
Како што додаваат од РЦУК, веднаш биле известени стручни екипи од СВР Куманово и ДИрекцијата за заштита и спасување Куманово.
Бомбата била преземена од пиротехничар од ДЗС и пренесена и сместана во магацини соодветни за таков тип на оружје.
Засега не е познато за каков вид на бомба се работи, но пред неколку дена минофрлачка мина 82мм била пронајдена и во Крива Паланка.
Како што посочуваат од Регионалниот центар за управување со кризи двете бомби се на безбедни локации се до нивно конечно уништување од страна на пирхотехничари.