Вести

Горат автомобили во Куманово

By Radio Bum

April 25, 2018

За два дена  на две различни локации , изгореа два автомобили во Куманово. Според информациите на полицијата утрово во 4 часот и 30 минути било пријавено дека во Куманово на улицата „Никшичка“, од засега непознати причини избувнал пожар во патничко моторно возило “Опел Тигра“ со кумановски регистерски таблици сопственост на Љ.М. Сопственикот сам го изгаснал пожарот. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово. Се работи на целосно расчистување на настанот.

Само ден претходно на улицата Моша Пијаде било опожарено патничко возило „Ауди А4“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на С.К. од Куманово со стан на истата улица. Од пожарот возилото целосно изгорело. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот. Пожарот во полицијата бил пријавен во 2 30 минути .