Вести

Затвореник во Кшање се обидел да се самоубие

By Radio Bum

March 30, 2018

Со нож затвореник во затвор во Кшање се обидел да се самоубие, информираат од Министерството за внатрешни работи. А.И. 22 годишен од Свети Николе, си нанел две убодни рани, една на вратот , а втората во стомакот. Затвореникот со нож во тоалетот зад кујната во затворот се обидел на самоубиство, а настанот во СВР Куманово го пријавил надзорникот во затворот во Кшање. Поради сериозноста на повредите затвореникот бил префрлен во одделение за Трауматологија во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, каде бил задржан на понатамошно лекување.