Вести

Повреден полицаец на Табановце , камионџија му го урнал кровот на кабината

By Radio Bum

March 16, 2018

Со камион во обид да ја премине пасошката контрола  55 годишен К.Г. од Радовиш удрил во кровна конструкција  од кабината од пасошката контрола и целосно ја оштетило. Во несреќата е повреден дежурниот полицаец кој работел на пасошка контрола.

Според информациите на МВР вчера вечер во 19.00 часот на Граничен премин Табановце, на лента за пасошка контрола, товарно моторно возило со радовишки регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Радовиш, а управувано од К.Г. (55) од Радовиш,  удрило во кровната конструкција  Притоа, од искршените стакла со повреди на левата рака се здобил полициски службеник кој работел на пасошка контрола во кабината.  Тој бил пренесен во Општа болница Куманово,  каде му била  укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.