Младите фудбалери од Куманово Еуроспорт го освоија првото место на турнирот Пандев Куп 2018 кој беше одржан во Струмица , а во организација на Фудбалската Академија Пандев. Во силна конкуренција од 16 екипи фудбалерите од генерација 2006 го освоија првото место.
“Оваа е голем успех за нас”-, вели Ивица Јовановски тренер.
“На турнирот свое учество покрај македонските клубови имале и екипи од Србија, Хрватска и Бугарија. Преку видео бим пред младите фудбалери се обратил и Горан Пандев кој е идол за многу од нив. На турнирот фудбалерите на генерацијата 2007 од Фудбалскиот клуб Куманово Еуроспорт го освоија 5 тото место од 16 те екипи, што претставува голем успех за децата, клубот и за Куманово”-, вели Ивица Јовановски, тренер.