Вести

Пожарникарите спасија дете да не падне од зграда во Куманово

By Radio Bum

March 15, 2018

Екипа на Територијална противпожарна служба денеска претпладне во Куманово успеаа да спаси 12 годишно девојче да не падне од втор кат  од  тераса на зграда.

Според информациите од дежурната служба на пожарникарите детето било само дома , слушнало тропање на вратите и се исплашило дека е крадец. Исплашено тргнало да скокне од тераса од вториот кат. Откако видело дека е високо застанало на жиците за сушење и само не можело да се врати. По интервенцијата на пожарникарите детето е спасено и е добро.

Во интервенцијата учествувале 4 пожарникари.