Вести

Повеќе жени од мажи има во Македонија

By Radio Bum

March 08, 2018

Во Македонија според статистичките податоци  49,9 проценти од населението  се жени,  тие според истите податоци  живеат четири години подолго од мажот, а просечниот живот им е 77,4 години. Во однос на мажите поголем е и бројот на дипломирани жени, односно 58 проценти или 4.787, како и бројот на жени магистри односно 58,9 проценти или нивниот број изнесува1.107.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на жени доктори на науки изнесува 111 жени доктори на науки.