Претставници на танцовото студио „Денс Студио МАК„ од Куманово учествуваа на Меѓународен фестивал „Плесоказ„ во Пожега Р. Хрватска .
Помеѓу 500 те танчери од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина , Србија свое учество на престижниот меѓународен фестивал „Плесоказ” имаа и танчерите од танцовото студио Денс Студио МАК од Куманово.
„Манифестацијата која е посветена на модерен, класичен , шоу денс , џез денс, стрит и хип хоп танц има 17 годишна традиција, истата е важен дел од културната и туристичката понуда на Пожега, а годинава на фестивалот присуствуваа 46 танцови клубови од 26 градови”-, вели кореографот Мерлин Стојановска.
„Во рамките на фестивалот имаше пригодна програма за добродојде и семинари од познати уметници -танчери од Хрватска, а нашите деца имаа можност да учат од најголемите професионалци Адријана Барабариќ Певек и Марио Врбанец”- изјави Стојановска , таа вели дека осум години по ред учествуваат на фестивалот како претставници од Македонија.
Танцовото студио МАК од Куманово на манифестацијата се претставило со кореографија на Игор Шкомац, кореографот од Србија кој една година работи како надворешен сораборник во танцовото сдудио МАК .
Со истата кореографија на Меѓунареден фестивал ,, Денс Фест,, во Нови Сад ја освоија првата награда.
Студиото работи под водство на кореографот Мерлин Стојановска , Влатко Стефановски и Милош Нинковиќ – кондиционен тренер. Танцовото студио МАК има освоено многу награди и признанија на домашна и меѓународна сцена.