Секторот за внатрешни работи Куманово, до Основното јавно обвинителтво Куманово, поднесе кривична пријава против Ф.А. (48) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела – „разбојништво“ по член 237 став1 и „разбојништво во обид“ . Според информациите од МВР на 27 февруари Ф.А. со закана со нож извршил разбојништво во обид во маркет на бул. „Октомвриска револуција“. Откако вработената почнала да вика , тој побегнал од местото без да одземе ништо. Исто така, пријавениот на 28. минатиот месец околу 18.30 часот во маркет на крстосницата од ул.„11-ти Октомври“ и ул. „Сава Ковачевиќ“ со закана со нож од вработената одзел 9.060 денари, по што побегнал. По преземени мерки и извршен претрес, врз основа на судска наредба, Ф.А. бил приведен и задржан во полициска станица. Во службен разговор тој го признал и појаснил начинот на извршување на делото.