Вести

Помалку деца родени во последниот квартал од 2017 година

By Radio Bum

February 27, 2018

Помалку родени деца, помалку склучени бракови е билансот од резултатите на Државниот завод за статистика кој ги објави резултатите за четвртото тромесечие од 2017 година.

Во Куманово биле родени вкупно 281 деца, а во наведениот период починале 252 лица, но меѓу нив нема новороденчиња.

Природниот прираст изнесува 29.

Склучени биле вкупно 170 бракови на територијата на општината,  а регистрирани се 24 разводи.

Во Старо Нагоричане има негативен природен прираст, таму се родени шест деца, а починале вкупно 10 лица. Склучени се два бракови, а се регистрира и еден развод.

Според податоците на Државниот завод за статистика, на ниво на државата бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од  2017 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 2.3% и изнесува 5.352 живородени деца.

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2017 година бележи намалување од 12.6% во споредба со истото тримесечје од 2016 година и изнесува 4 848 лицa, а од нив 36 се умрени доенчиња. Природниот прираст изнесува 504 лица, што значи дека за толку лица е поголем бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во ова тримесечје од 2017 година бројот на склучените бракови е 3 119, што претставува зголемување за 6.9% во споредба со истиот период од 2016 година.

Бројот на разведените бракови во ова тримесечје е 590, што претставува намалување од 9.8% во споредба со истиот  период од 2016 година.