Вести

Димитриевски: Ќе продолжиме со аеросолизација, мерката покажала намалување на загаден воздух за 65 проценти

By Radio Bum

February 15, 2018

Со метода на аеросолизација загадувањето на воздухот во Куманово се намалува за 65 % , изјави градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

Вечерва во Куманово по пети пат се спроведе методата на аеросолизација во делот на мерката за намалување на загадување на воздухот , а вечерва паралелно со аеросолизација се врши и перење на улиците.

Градоначалникот вели дека аеросолизацијата ја  работат заедно со јавното претпријатие Чистота и Зеленило, надлежните општински служби, професори од Земјоделскиот факултет и Финки и СВР Куманово.

“Со оваа метода на аеросолизација досега констатиравме дека  загадувањето на воздухот се намалува до 65 % што значи дека ќе продолжиме се додека имаме зголемување на загаденоста на воздухот” – изјави градоначалникот Димитриевски.

Тој вели дека причините за загадувањето се уште не се детектирани, но првенствено доаѓа до загадување поради несогорување на соодтветен огревен материјал од страна на граѓаните како и зголемување на сообраќаен метеж во централното гратско подрачје и во одредени делови на градот каде фреквенцијата на возилата е поголема и каде граѓаните се затоплуваат со различен вид на цврсти горива, а таму загадувањето е поголемо, изјави градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.