Вести

Несовесен возач удрил во пешак и избегал

By Radio Bum

February 14, 2018

Вчера во 20,10 часот во Куманово на улица „Тоде Мендол“ непознато лице управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со непознати регистарски ознаки удрило во пешакот А.И.(48) од Куманово, по што непознатото лице со возилото го напуштило местото на настанот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По незгодата пешакот А.И. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Медицински центар Куманово, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот, се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и возилото.