Вработените во Aрмијата на Република Македонија во јануарската плата ќе добијат 10 % покачување , најави министерката за одбрана Радмила шекеринска на посетата на здружената оперативна команда во Куманово. Шекеринска најави и нови 375 работни места на професионални војници, подофицери и офицери со кои ќе се зголеми бројот на вработените кој во последните години е намален.
„На јануарските плати вработените во АРМ ќе го добијат најавеното покачување кое долги години се нема случено , со оваа покачување ќе покажеме дека владата води сметка за животниот стандард на вработените за подобар живот , а со тоа ќе ја зголемува и подобрува борбената готовност на нашата армија„- рече Шекеринска.
„Еден од предизвиците со кои се соочува македонската армија е недостигот на млад кадар . Долги години бројот на професионалните војници и офицери стагнира и се намалува . Во изминатите две години бројот на вработените се намалил за 400 што е многу видливо , а оваа година во три дела ќе вработиме нови 375 професионални војници. На тој начин ќе ја подмладиме нашата армија и ќе им понудиме шанса за воена кариера на младите и ќе ја зголемиме борбената готовност но и капацитетите на армијата на република Македонија„- рече Шекеринска и најави дека конкурсот ќе биде отворен во првата половина од февруари .
За недостигот на униформите и за новите униформи министерката кажа дека годинава ќе бидат обезбедени нови униформи за секој припадник на армијата. И тоа по две, основна и резервна. Пари за оваа намена од буџетот се обезбедени. Потребна е техничка спецификација за да започне процесот за набавка. Ги повикуваме текстилните компании во република Македонија да се вклучат да добиеме квалитетна и подобра и по можност домашно произведена униформа , истакна Шекеринска .
Министерката за одбрана изврши увид на просториите на касарната Боро Менков во Куманово , а присуствуваше и на показна вежба.