Со свечена литургија по повод Свети Сава во храмот на Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане беше одбележан еден од најголемите празници на србите и учениците. Традиционално на празникот кумот на Свети Сава годинава е Јовица Спасовски , директор на Македонски Пошти, Куманово. Тој посака здравје , љубов , среќа и мир за сите и му го предаде кумството на Зоран Бојковиќ кој ќе ја продолжи традицијата за одбележување на Свети Сава во Старо Нагоричане.
На свечената литургија присуствуваа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, градоначалниците на Куманово и Старо Нагоричане Максим Димитриевски и Жаклина Јовановска.