Вести

Иван Антевски кумановец кој работи и живее во Норвешка го фати светиот крст во затворениот градски базен

By Radio Bum

January 19, 2018

Триесет и четиригодишниот Иван Антевски  од Куманово кој живее и работи во Норвешка е најсреќнот од 80 те скокачи по светиот крст во затворениот градски базен.

Антевски утрово допатувал од Норвешка специјално да скока по светиот крст , вели дека е многу среќен и дека треба да бидеме христијани секој ден, а не само за празниците. Посакува здравје, љубов, среќа и мир на сите верници.

Сакам да се заблагодарам на сите учесници со кои пливавме заедно,  овој крст не е само за мене, туку за сите што скокаа внатре во базенот и покажаа храброст, желба и вера во бога, верба во себе и мислам дека тоа многу важно. Втора година учествувам тука, дојдов специјално сношти во два часот со авион од Норвешка, само за да учествувам во овој спектакл- изјави Иван Антевски кој по втор пат скока по крстот во затворениот базен, но годинава имаше поголема среќа .  Иван  и минатата година прв стигна до светиот крст, но бидејќи  верниците скокнаа пред свештениците да го дадат знакот, првото скокање  беше поништено и се скокаше по втор пат.

На подарок од градоначалникот Максим Димитреивски, најбрзиот пливач доби  и награди за кои кажа дека ќе ги даде во хуманитарни цели, таму каде што е најпотребно. 

Градоначалникот на општина Куманово , Максим Димитриевски им го честиташе христијанскиот празник Водици на граѓаните со желба за успех и просперитет во сите домови и семејства.

– Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите што учествуваа на оваа манифестација, општината обезбедува само поддршка, а иницијативата доаѓа од нашата црква , рече градоначалникот Димитриевски.

 

Специјален гост на манифестацијата беше и постојаниот претставник и амбасадор на УНДП во Македонија и почесен граѓанин на Општина Куманово, Луиза Винтон.

– Чест ми е да бидам денеска во Куманово. Претходно бев и во Ранковце за да видам како овој празник се одбележува и да бидам дел од она што им се случува на луѓето секој ден. Ја користам оваа можност да му се заблагодарам на градоначалникот и на сите да им посакам среќна Нова година, почестена сум да работам во оваа земја, особено во Општина Куманово, изјави Винтон.

Како организатори на манифестацијата се јавуваат и четирите пливачки клубови од Куманово, кои се надеваат дека оваа манифестација полека, но сигурно ќе прераснува во традиција.