Вести

Денис Андриевски го фати крстот во црквата „Света Троица“ во Куманово

By Radio Bum

January 19, 2018

 Светиот крст во црквата „Света Троица“ на Водици го фати 21-годишниот Денис Андриевски.

Среќата на Денис да го фати светиот крст му се насмевнала по трет пат.

–  По три скокања го фатив светиот крст,  ова ми е прва година да го фатам, многу сум среќен. Сакам следната година да има повеќе заинтересирани да скокаат по крстот. Очекувам повеќе успех годинава, изјави Андриевски.

Фото Никола Ивановски, Кумановски Муабети.