Симе Пешевски, прв пат скокна и го фати светиот крст во базенот на црквата Свети Никола во Куманово на големиот христијански празник Водици .
„На сите верници им посакувам среќа, здравје и берикет, многу сум среќен што јас го фатив крстот , денеска кога се решив за прв пат да скокнам- изјави дваесетгодишното момче.
По светиот крст во Свети Никола скокнаа дваесетина момчиња, а најголема среќа имаше Симе Пешевски.
Фото Никола Ивановски, Кумановски Муабети.