Вести

Телефонски пријавете дефект на улично осветлување

By Radio Bum

January 18, 2018

Јавното претпријатие „Куманово паркинг“ пушти во употреба нов телефонски број на кој граѓаните ќе можат да пријавуваат дефекти за  уличното осветлување во Куманово и регионот. 

Сите дефект во било кој дел од градот или неисправна светилка  можат да се пријават на телефонскиот број 071/376-619. Екипите на ЈП „Куманово паркинг“ по пријавата ќе интервенираат , информираат од Куманово Паркинг.