Министерството за труд и социјална политика упати допис до детските градинки, во кој потсетува на одредби од Законот за заштита на децата.
„Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на установа за деца, на детска градинка, центар за ран детски развој, организациска единица основана од страна и во состав на правни лица, високообразовна установа и на приватно училиште и на агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст“, информираат од министерството за труд и социјала.
Од Министерството ги потсетуваат градинките на одредбата од Законот со која „се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“, а која треба да биде спроведена од нивна страна.
Министерството за труд ги информира градинките дека доколку се инволвираат деца од установите во политичко или верско организирање, тоа преставува прекшок за кој е предвидена глоба.