Вести

МВР, Нова донација од дрегери и алкотестови за поголема безбедност во сообраќајот

By Radio Bum

January 03, 2018

МВР доби нова донација од дрегери преку кои ќе се испитува нивото на алкохолот кај возачите за поголема безбедност  во сообраќајот и за исклучување на возачите кои возат под дејство на алкохол .

Според информацијата објавена на официјалната страна на фејзбук на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски добиени се нови  дрегери, а во тек е и постапка за набавка на нови 80 дрегери .

„Од граѓаните за граѓаните, донирани се дрегери, а во тек е тендер за набавка и на нови 80 дрегери. Нулта толеранација за возење под дејство на алкохол“, се наведува во рамките на објавата која МВР ја има поставено на својот официјален фејсбук.