Вести

МВР тврди дека полицаецот се самоповредил при интервенција

By Radio Bum

January 03, 2018

МВР во официјалното соопштение вели дека полицаецот кој при интервенција беше повреден со нож на дланката се самоповредил. Извори од полицијата за Бум информираа дека полицаецот во обид да спречи убиство бил повреден со нож во раката од лице кое сакало да ја убие неговата девојка. Од СВР најпрвин кажаа дека било интервенирано за спречување на обид за самоубиство, по што во официјалното соопштение се наведува дека немало обид за самоубиство, убиство туку дека полицаецот се самоповредил.

Во соопштението од МВР стои дека „ На 02.01.2017  година околу 14.00 часот, во дворно место од куќата на ул. „Анѓа Ранковиќ“ во Куманово, Џ.С. (33), кој бил пуштен на домашно отсуство од Казнено поправната установа Затвор Скопје, почнал расправија со неговата поранешна невенчана сопруга Н.Р. (47). Тогаш  нејзиниот син Р.Р. започнал со раце да го турка Џ.С. и од масата земал кујнски нож продолжувајќи да се расправа со него. Џ.С. успеал да му го одземе ножот, а по кратко време, на местото на настанот дошла екипа од полициската станица Куманово. При обид да му го одземе ножот на Џ.С., еден полициски службеник  се самоповредил, односно си нанел расекотина на дланката од левата рака. Џ.С. бил приведен и спроведен во Казнено-поправната установа Идризово. Повредата на полицискиот службеник му била санирана од екипа на Итна медицинска помош. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.