Вести

Министерот за внатрешни работи го посети повредениот полицаец

By Radio Bum

December 19, 2017

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ,  вечерва го посетија  повредениот полицаец кој беше нападнат на протестот на ВМРО ДПМНЕ на граничниот премин Табановце.

Полицаецот со повреди во пределот на главата е хоспитализиран во кумановската болница, а според информациите од кабинетот на министерот  ќе биде задржан на понатамошно лекување.

За време на протестите на ВМРО ДПМНЕ на граничниот премин Табановце се случил инцидент помеѓу лицата што протестирале и полицијата која  во обид да ги тргне членовите на ВМРО ДПМНЕ  кои сакале да го блокираат граничниот премин, најпрвин вербално ги нападнале полицајците по што Ф.Ф. од Куманово го удрил полицаецот.

По инцидентот Ф.Ф. е приведен во СВР Куманово.