Вести

50 Евра казна за жената што истури ѓубре во река Кумановка

By Radio Bum

December 04, 2017

Општинскиот комунален инспекторат при општина Куманово, реагираше на објавениот видеозапис на фејзбук страната на радио Бум и денеска на инволвираната , која во пластичен сад исфрла ѓубре во река Кумановка ја казни со мандатна казна во висина  од 50 евра.

Според комуналниот инспектор Владислав Трајковски , денеска инспекцијата заедно со полицијата излегле на лице место каде констатирале расипан смет во речното корито во местото Средорек и против лицето О.С. е напишан записник и мандатна казна од 50 евра.

Инспекторот Трајковски апелира до сите граѓани да се однесуваат совесно и да не ја загадуваат животната средина.

Доколку граѓаните имаат доказ или добиеме пријава ние ќе излеземе на лице место и ако имаме доказен материјал ќе делуваме според законот, вели Трајковски.

Во петок возрасна жителка на населбата Средорек,  пластична корпа полна со смет го истури во речното корито на река Кумановка.

Општина Куманово  преку УНДП, со пари од Министерството за животна средина, Општина Куманово и амбасадата на Јапонија, кои обезбедија по околу 200.000 евра во моментот работат на проектот за регулација на Кумановка за намалување на ризикот од поплави . Проектот е предвиден да заврши на крајот на оваа година , а досега се завршени само дел од првата делница. Надлежните велат дека дивоградбите пречат во изведбата на работите.

И веднаш откако се направи речното корито жителите од Средорек, кои живеат до коритото секојдневно фрлаат ѓубре во реката, а граѓаните реагираат и за неправилно  поставени  цевки за канализација и отпадни води кои одат директно во реката.