Вести

Две лица од Куманово приведени за крвавиот четврток во собранието

By Radio Bum

November 28, 2017

 

 

Две лица од Куманово утрово биле приведени како осомничени за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста . Се работи за Е.Б  и В.М. од Куманово дознава радио Бум , а истите се осомничени за крвавиот четврток во Собранието кога после изборот на Талал Џафери , за претседател на собранието помогнале на толпата да упаднат во собранието. Поради тежината на делото обвинителството бара притвор за сите осомничени, а судија на претходна постапка му го продолжи истечениот притвор на Игор Југ кој сега се товари и за кривично дело терористичко загрозување.