Г радоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски го прими амбасадорот на Европската унија во Македонија Самуел Жбогар . В о рамките на кампањата „ЕУ за тебе“ тие разговараа за актуелните проблеми со кои се соочува локалната самоуправа.
Според изјавата на Димитриевски со евроамбасадорот разговарале за имплементацијата на голем број проекти кои Европската унија ги финансира во Општина Куманово.
„Особено внимание дадовме на проект за подземна инфраструктура кој што е во тек, а се работи за инвестиција околу 4 милиони евра. Разговаравме за можната соработка во иднина, реалноста со која се соочува Општина Куманово, за сите наши проблеми и секојдневната потреба на граѓаните на нашата Општина, воедно денеска ќе го посетиме Средното техничко училиште “Наце Буѓони”, каде ќе имаме конкретнa имплементација на проект „ Веруваме во тебе , вложуваме во тебе, ЕУ за тебе” и ќе се запознаеме со состојбите во кои учат нашите ученици таму и во сегментот на образование ќе продолжиме во делот на дискусијата и можната помош која ќе ја добиваме во иднина од страна на канцеларијата во Република Македонија, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.
“Денеска имавм можност да разговарам со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски кој е прв градоначалник со кој имам средба по локалните избори”, вели евроамбасадорот Самуел Жборак.
“Со Димитриевски ќе дискутрираме за состојбите и проблемите на Куманово и со кои предизвици се среќава новиот градоначалник на Куманово. Разговаравме и за многу проекти , а акцент ставивме на проект поврзан со третирање смет, проект кој ќе се реализира во Куманово во следните неколку години. Постојат ред други проекти кои Европската унија ги финансира во Општина Куманово, исто така денешната посета претставува добра можност да се одбележи добрата соработка која ЕУ ја има со Општина Куманово исто така и да разговараме за можностите за идна успешна соработка со вашата општина”, рече Жбогар.