„Процесот на реформите е добро започнат во Македонија и ние се радуваме на тоа”- вели амбасадорот на Европската Унија во Македонија Самоел Жбогар кој денеска беше на протоколарна посета на Куманово и се сретна со градоначалникот Максим Димитриевски.
Според Жбогар стартот на реформите се гледа , а со планот 3-6-9 неколку закони се веќе усвоени во рамките на собранието
Тој вели дека според планот институциите ќе треба се справат со прислушуваните разговори , со опремата која постои во УБК, а постои и план за јавен оглас за пополнување на работни позиции во независни институции.
„Онаа што би сакале да го видиме е посветеност на владата, собранието и политичките партии да има испорачување на резултати, а доколку има такви резултати тоа ќе има позитивен ефект на односите на Европската Унија и Македонија” – вели евроамбасадорот.
Од огромна важност за реформите, смета тој е соработката помеѓу сите политички субјекти, а во тој контекст гледаат конструктивна соработка помеѓу влатата и опозицијата.
„Ние како Европска унија го охрабруваме овој процес и се надеваме дека овој вид на нова соработка помеѓу политичките партии ќе продолжи во иднина и ќе даде резултати”-, изјави амбасадорот на ЕУ во Македонија Самоел Жбогар.