Вести

Во Агино Село вооружен крадец ограбил две лица

By Radio Bum

November 03, 2017

Две постари лица вчера во 11.00 часот на место викано „Перево Трло“ во Агино Село, кумановско,  биле нападнати и ограбени.

Според информациите на полицијата грабежот се случил пред викендица сопственост на Љ.С. (72) од Скопје. Разбојникот  со закана со пиштол од Љ.С. одзел 330 денари и мобилен телефон, а од  неговиот пријател Д.Т.  (70) одзел 1.600 денари, мобилен телефон и прстен. Откако ги ограбил  ги заклучил во викендицата и побегнал со патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на зетот на Љ.С.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.