Вести

Десанка Стошевска нов секретар на општина Куманово

By Radio Bum

October 20, 2017

Десанка Стошевска е нов Секретар на Општина Куманово. Стошевска по професија е правник, а доаѓа од местото раководител на одделение за поддршка на Совет на Општина Куманово.

Има работено како референт за правни работи на извршен совет на Општина Куманово, референт за правни работи на Собрание на Општина Куманово, Секретар на Совет на Општина Куманово.

Стошевска доаѓа на местото на Валентина Алексовска, досегашен Секретар на  Општина Куманово, која сега е раководител на секторот за ревизија.