Вести

Радио Бум, најслушан медиум во Куманово и регионот

By Radio Bum

October 17, 2017

Последното истажување на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со објавените  податоци за досегот на слушаноста на радиостаниците  и за вкупната  гледаност  на телевизиските станици што емитуваат програма на национално, регионално и локално ниво за третиот квартал од 2017 година  покажува дека радио Бум е наслушан медиум во Куманово и пошироко во регионот.

Процентуално на дневно ниво радио Бум го слушаат 4,03 % од испитаниците,

а на неделно ниво 6,45% што претставува и најголема слушаност.

Според истражувањето , испитаниците слушале најмногу музичка програма , слушале утринска програма и вести.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги секоја година во секој квартал,  врши испитување на слушаноста, а од 2014 година, откако започна со работа радио Бум ја има најголемата слушаност .