Вести

Министерот Спасовски : Апелирам до граѓаните на достоинствен начин покажеме дека овој ден ќе даде допринес кон реформите во македонското општество

By Radio Bum

October 15, 2017

 

Ембарго за емитување до 19 часот

Процесот на гласањето се одвива мирно и без инциденти , изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој денеска го оставри своето право на глас во Куманово.

Изборниот процес да  се заврши мирно и успешно покрај граѓаните свој допринос треба да дадат  и политичките партии ,изјави Спасовски .

Македонија денеска на локалните избори одлучува за градоначалници и состави на совети , меѓутоа изборите денеска се  важни за онаа што се случуваше во изминатиот период во Р. Македонија. Најважно од се е денеска граѓаните на Македонија да можат самостално да ја донесат својата одлука. Да имаат можност без притисоци, уцени и закани да го остварат своето гласачко право, вели министерот за внатрешни работи.

“Апелирам до граѓаните на Македонија да на еден достоинствен начин покажеме дека  овој ден ќе даде допринес кон реформите во македонското општество. Денеска е важно како држаава да покажеме дека имаме капацитет да организираме фер и демократски избори”- рече Спасовски.