Вести

Полицијата во Кочани повикала лице на разговор кое се сомничи за поткуп на гласачи

By Radio Bum

October 12, 2017

Три дена пред изборите едно лице од Кочани е под сомнение дека поткупувал гласачи во ромска населба во Кочани.

Под сомнение дека  поткупувал  гласачи Б.Ш.од Кочани , е повикан на информативен разговор во полициска станица во Кочани. Тој се наоѓа на листата на советници на ВМРО ДПМНЕ.

Според информациите од извори во МВР  случајот се работи по консултација и налог на Основното Јавно Обвинителство.

Кај него биле пронајдени пари, списоци на лица гласачи и друг материјал.