Вести

Спасовски: Да се обединиме сите за демократска , современа и правна држава

By Radio Bum

October 11, 2017

„Пред 76 години, нашите предци со визија за слободна, независна и просперитетна Македонија, во Прилеп и Куманово, ја почнаа Народно-ослободителната борба.

Придобивките од Народно-ослободителната борба не обврзуваат сите да продолжиме да ја градиме нашата Македонија како современа, демократска и правна држава во која секој граѓанин ќе има еднакви можности за живот. Да се обединиме околу оваа цел.

Нека ни е честит и вековит 11-ти Октомври! Да живее Република Македонија- порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој им го честита празникот на сите граѓани на Македонија.