Запален оџак на ресторантот сместен во приземниот дел на зградата на стара општина во Касапски Круг, во центарот на Куманово е причината за избувнување на пожар.
Според информациите на Дејан Илиевски командир на Територијалната противпожарна единица Куманово, пожарот избувнал во 18 часот , а огинот од запалениот оџак се проширил на кровната конструкција на општината.
Со две противпожарни возила огинот е локализиран и ставен под контрола. Пожарникарите велат дека еден од вработените во ресторантот е повреден и хоспитализиран но засега нема информации со какви повреди е . Со брза реакција сите вработени се евакуирани, изјави за Бум еден од пожарникарите.
Некултурата на граѓаните е голема, наместо да помогнат да се евакуираат сите и да се ослободи местото на настанот, тие сакаат да сликаат , снимаат и се паркираат тука, а со тоа директно ја отежнуваат работата на пожарникарите , изјави Моме Стефановски-Вшка, волонтер кој помагаше и апелираше до возачите и граѓаните да се одалечат од месото.