Културно-уметничко друштво „Српски вез“ од Куманово вечерва од 19 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ (сала Кубус) организира промоција на книга си наслов „Вез једне младости“, авторот на книгата е член и играорец во друштвото Теодора Цветковиќ студент на Филилошки факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Книгата ја издава КУД „Српки вез“ како дел од проектот „Чувари на културното наследство – младите и традицијата во функција на регионалната соработка“ кој директно е подржан од страна на Минитерство за надворешни работи на Република Србија, Управа за соработка со дијаспората и Србите во регионот.
Истата вечер во продолжение ќе биде проектиран и промовиран документарниот филм „Ви идите ја неќу“ на режисерот Хаџи-Александар Ѓуриќ кој е заснован по книгата “Љетопис новог косовског распећа“ на Митрополитот Анфилохиј, документарниот филм зборува за страдањата на Србите на Косово и Метохија во 1998 и 1999 година.
На промоција потврдено е присуство на Амбасадата на Република Србија во Скопје.