Вести

Пронајден е автомобилот но разбојникот не

By Radio Bum

October 04, 2017

Доцна синоќа беше пронајден автомобилот на ограбените сопружници. Според информациите од сопствениците автомобилот марка Опел астра сива металик боја бил пронајден во околина на Куманово , паркиран во хангар во Којнаре.

Повеќе детали од полицијата во интерес на истрагата не се соопштуваат.

Во недела додека сопружниците престојувале во нивната викенд куќа во Шупли Камен, дошол вооружен разбојник кој на сопственикот со селотејп лента му ги врзал рацете и нозете. Им ги земал паричниците со документи и со нивниот автомобил избегал во непознат правец.