Радио Бум, Куманово , во текот на изборната кампања за Локалните избори 2017 ќе работи врз основа на програмските начела – професионално, непристрасно, избалансирано и во согласност со Новинарскиот кодекс.
Бум, за изборните активности на учесниците во изборите ќе известува на македонски и на српски јазик.
Радио Бум, во рамки на своите можности и во согласност со професионалните новинарски стандарди и уредувачка политика, ќе известува аудио со текст, фотографии и видео снимки за активностите на политичките партии, коалиции и независни листи што ќе учествуваат во изборната кампања врз основа на кандидатските листи што ги утврди Државната изборна комисија.
Радио Бум, ќе ги објави сите изборни листи – партиски, коалициски, независни, како и одлуките на Управниот суд поврзани со изборните активности. Ќе ги претстави програмите на партиите, коалициите или независните листи. Поопширно со текст и со фотографии ќе информира за почетните и завршните митинзи на учесниците на изборите.
Радио Бум, континуирано ќе ја следи и ќе известува за работата на ОИК и ДИК.