Вести

Димитриевски: Со нов концепт за подобар живот со советниците ќе влеземе во секој дом

By Radio Bum

September 14, 2017

„Со нов концепт ќе се претставиме пред граѓаните и ќе се обидеме да го промениме нашиот град. Заедно со вас почитувани граѓани сакаме да креираме една поубава иднина за сите. Во таа наша несебична борба за граѓаните за нашата општина, нема да правиме разлика помеѓу никој. Ќе ја бараме поддршката од сите граѓани, без разлика на својата верска, етничка и политичка припадност. Живееме во длабоко поделено општество и ќе се обидеме да ги сплотиме граѓаните, бидејќи првенствено граѓанинот е секогаш на прво место, а политиката и припадноста на второ. Со една ваква млада и позитивна и нова енергија ќе внесеме живост во Куманово, ќе му дадеме можност со заеднички сили на Куманово да продолжи да се гради, а граѓаните полноправно да работат и одлучуваат во сопствената општина“ – изјави Максим Димитриевски, кандидат за градоначалник од СДСМ на прес конференција заедно со кандидатите за советници од СДСМ и коалиционите партнери.

„Нашата советничка листа го одразува богатсвото и етничкиот состав на нашето Куманово, не има од различни етнички заедници, не има со различни професии, од различни делови на градот и општината, но како што истакнав и вчера на конференцијата, сите обединети во мислата и идејата да дадеме се од себе Куманово да има што подобар живот за секој негов дел и за секој негов граѓанин. Исправени сме пред голем предизвик да го сочуваме Куманово во напорите успешно да раководи и владее и да ја продолжи 26-годишната успешна традиција на градење на соживот, да бидеме вистински сервис на граѓаните каде потребите на граѓаните ќе ни бидат врвен приоритет“ – изјави Атина Мургашанска носител на листата на СДСМ  на денешната прес конференција.

Во коалицијата со СДСМ  се  НСДП, ЛДП, Партијата на пензионерите, Срспка странка во Македонија, ДОМ, Партијата на Турците, но има и претставници од граѓанскиот сектор.

Составот на професии е разновиден. Од наставници во средни и основи училишта, воспитувачки во градинки, правници, економисти, лекар, ветеринар. Меѓу нив има и пензионер, земјоделец но и еден студент. Најмладиот кандидат има 22 години, а највозрасниот 63.