Вести

Во Никуљане силувана 88 годишна старица

By Radio Bum

August 30, 2017

Четири лица од Куманово се осомничени дека сториле кривично дело силување на 88 годишна старица. Од МВР информираат дека против едно лице ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“.

Немилиот настан го пријавил зетот на силуваната жена , 59-годишен жител на с.Челопек, општина Старо Нагоричане. Тој во Полициска станица Куманово пријавил дека на 28.08.2017 година околу 16 часот, четири непознати лица дошле во куќата на 88-годишна жена од с.Никуљане, општина Старо Нагоричане, која е мајка на неговата сопруга. Еден од нив, во два наврати извршил насилно полово дејствие над жената. По преземени мерки, полициски службеници ги пронашле и лишиле од слобода насилниците. По консултација со Јавен обвинител, против лицето А.З. од Куманово ќе биде поднесена кривична пријава.