Вести

Царовска : Без законски основ се одбиени социјалците кои примиле пари по брз трансфер

By Radio Bum

July 13, 2017

Нема законски основ за да бидат одбиени од социјална помош примателите кои по основ на брз трансвер во 2015 година имале примено над  50 000 денари, изјави министерот за труд и социјални работи Мила Царовска денеска во Куманово и им порача на 204 те кумановци, одбиени социјалци,  повторно да аплицираат за  социјалната помош.

”Ние како министерство ја подигнавме административната рампа која е потребна за да можат да влезат повторно во системот бидејќи парите примени по брз трансфер не се приходи за ниту едно семејство, тие не се даночат во Управата за јавни приходи”- , вели Царовска.

Бројката на граѓаните кои биле одбиени по овој основ во Македонија е 910 , а во Куманово бројката е најголема дури  204 , кои сега ќе можат повторно да аплицираат за социјална помош.