Насилникот прво физички ја нападнал по што ја грабнал носејќи ја во својот дом каде ја држел заклучана четири часа.
Кривична пријава за кривично дело „грабнување„ поднесе кумановската полицијата против И.К.(41) од Куманово.
Тој на први јули во 21,00 часот, во населбата Пуковско физички ја нападнал 21 годишната М.З. откако и се приближил од зад грб удирајќи тупаница и шлаканица по лицето, по што со закана со нож ја однел во неговата куќа. Таму ја заклучил во една од собите, заедно со него се до полноќ, кога дошол неговиот татко по што И.К. ја отклучил вратата. Искористувајќи го моментот на меѓусебна расправија и тепачка помеѓу таткото и синот киднапираната девојка успеала да се ослободи и да избега.