Револтирани жители на Пчиња со ултиматум „ доколку не ја изгаснат денеска , со земјоделска механизација ќе го блокираме патот и нема да дозволиме камионите со ѓубре да го изнесуваат сметот на депонијата„- , вели Дејан Трендевски претседател на месна заедница Пчиња.
Два дена гори депонијата за смет „Краста„ пред село Пчиња. Жителите на Пчиња се револтирани и велат дека доколку во текот на денот не го изгаснат огинот, со земјоделска механизација ќе го блокираат патот кон депонијата и нема да им дозволат на камионите да го изнесуваат сметот.
Овој голем проблем го имаме со години вели Дејан Трендевски од Пчиња. Чадот од депонијата оди директно во селото, а ги загадува и земјоделските култури, вели тој и додава дека денеска ќе оствари средба со менаџерскиот тим на Чистота и зеленило , а доколку не го изгаснат пожарот во текот на денот , тие ќе излезат со блокади на патот.