Вести

Бугарски навивачи Крива Паланка ја означиле за бугарска територија

By Radio Bum

June 29, 2017

Откако утрово ја означиле Крива Паланка за бугарска територија навивачите на „Ботев” од Пловдив, република Бугарија  во обид да бидат приведени во Куманово го блокирале магистралниот пат Крива Паланка-Куманово пред влезот на градот.

Тие на бензинска пумпа во Крива Паланка испишале навредливи графити за Македонија по што го продолжиле патот.

По пријава во полиција од СВР Куманово, полицијата го сопрела автобусот пред Куманово и по извршениот претрес кај четири лица  биле обезбедени и докази дека тие се извршителите на делото.

Откако одбиле да бидат приведени излегле на магистралниот пат и го блокирале, а по кратко време по интервенција на полицијата биле тргнати од патот.

Навивачите на „Ботев” од Пловдив , република Бугарија транзитирале низ Македонија , а биле тргнати на натпревар во Албанија каде ќе игра нивниот клуб.