Поради високите температури, Министерството за здравство препорачува да се избегнува директна сончева изложеност и престој на отворено од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, заштитни очила и капа, консумирање лесна храна и течности, најдобро обична вода и избегнување алкохолни пијалаци.
Министерството за здравство посебно препорачува хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија.
„Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете во затворени простории, пред сè климатизирани, а при неопходен престој на отворен простор најдете можност за почести одмори под сенка. Пред влегување во возило, тоа да се проветри, да се внимава при подготовка и консумирање на храната, да се избегнуваат термички необработени производи, како мајонез од домашни јајца, и внимателно да се јадат сладолед и разни кремови“, се препораките на Министерството.
Денеска максималната дневна температура во Куманово ќе достигне до 35 степени,