На светскиот ден на мигрантите, 20 јуни , во транзитниот центар во Табановце има 30 бегалци од кои 18 се тука од почетокот на бегалската криза, информира Јадранка Стаменковска , раководител на одделението за епидемиолошка служба при Центарот за јавно здравје. Според Стаменковска тие од 2015 година секојдневно превземале мерки за заштита на здравјето на бегалците .
„Ние како служба два пати дневно го посетувавме центарот, два пати дневно вршевме дезинфекција на кампот каде скојдневно имаше по 1500 мигранти. Превзедовме мерки за заштита на здравјето и не дозволивме да се прошират заразните болести надвор од кампот”- , вели Стаменковска.
Труење со храна, варичела и шуга регистрирале од Центарот за јавно здравје во транзитниот центар во Табановце. Во извештајот е наведено дека 604 деца биле вакцинирани со полио вакцини, а сега кога бројката е минимална еднаш неделно се посетува кампот од страна на центарот . Се земаат мостри и се врши дезинфекција на целиот простор , информира докторка Јадранка Стаменковска .