Според анкетниот лист на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, неговиот имот тежи над 17 милиони денари. Спасовски има куќа од 309 метри квадратни која ја добил на подарок, а од свој личен имот има и автомобил, уметнички и колекционерски предмети и денарска платежна картичка, а има и долг на име кредит.
Останатиот имот на Министерот Спасовски е пријавен на име на неговите родители. Тие поседуваат куќа и имот во Старо Нагоричане , автомобил и платежни картичи. Спасовски е меѓу првите Министри што го има пријавено својот имот до Државната комисија за спречување корупција.