Вести

Агенција за медиуми- Радио Бум најслушан медиум во првиот квартал од 2017

By Radio Bum

May 17, 2017

За  2015 и 2016 радио Бум е најслушан медиум во Куманово и регионот, во првиот квартал од 2017 повторно Бум е најслушан медиум.

Според објавените резултати на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, радио Бум во првиот квартал од 2017 година е најслушан медиум.

Во Куманово врз основа на дистрибуцијата на населението во радиодифузните региони биле анкетирани  123  граѓани,  од кои на дневно ниво радио Бум слушале 4,03 , а на неделно ниво 7,26 проценти.

Возрасната граница на анкетираните била од 18 до 70 години, според полот 49,6 % биле од женски , а 50,4 % машки пол.

Според националната структура биле анкетирани  64,2 % Македонци, 25,2  Албанци , 1,7 Срби ,  3,0 Роми, 2,9 Турци.

Радио Бум во 2015 и 2016 година  според извештаите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги е најслушан медиум во Куманово и регионот.