Вечерва, во 20.00 часот во Театар Куманово драмската група од СОУ “Перо Наков” ќе ја изведе комедијата ,,ДР,, од Бранислав Нушиќ. Комедија која ги содржи вонвременските атрибути на комичност и дејство со кое од почеток до крајот на претставата ќе се смеете.
Во претставата играат учениците: Николај Павловски, Стефан Павличек, Мартин Павловски, Димитар Петрушевски, Викторија Ивановска, Катерина Стојмановска, Милена Стојановска, Кристина Петрушевска, Гоце Хаџиски, Теодора Стојковска, Јована Димитриевска, Сара Спасовска Ивона Лазаревска и Игор Стојчиќ .
Актерската екипа, професионално ја подготви претставата, а се игра со многу љубов и позитивна енергија , велат менторите, професорите Александра Георгиевска и Сашо Тодоровски.
Репризата на „ ДР” е во четврток.